Уште на 15 години знаел дека таа е неговата жена за цел живот: Аргентинскиот убавец е успешен на љубовно поле, исто како и на терен

Уште на 15 години знаел дека таа е неговата жена за цел живот: Аргентинскиот убавец е успешен на љубовно поле, исто како и на терен

Објавена во: Спорт // Фудбал

Фудбалерите на репрезентацијата на Аргентина безброј пати нѐ воодушевија на Светското првенство, а девојките посебно се радуваат кога е во кадар Леандро Паредес...

Аргентинскиот фудбалер Леандро Паредес (28) беше еден од најзапазените во својата репрезентација во текот на Светското првенство во Катар, на која ѝ помогна да стигне до финалето на најпрестижното натпреварување во овој спорт.

Дефанзивецот во Јувентус ги воодушеви фудбалските познавачи, колку и дамите во публиката, бидејќи е еден од најатрактивните фудбалери на првенството. Сепак, Паредес, инаку момче со парагвајско потекло, нема да им даде шанса на навивачките кои сакаат да го освојат, бидејќи тој со години е во хармоничен брак.

Уште во средно училиште, Леандро ја запознал Камила Халанте, а искрите помеѓу нив се појавиле истиот момент. Се испоставило дека не е во прашање само тинејџерска љубов - Паредес тврди дека на само 15 години занел дека ја пронашол жената која ќе му биде партнерка за цел живот.


Се испоставило дека е во право: Камила му беше најголема поддршка од неговите денови во аргентинската Бока јуниор, преку првите години во Италија, Франција, двегодишниот настап во Русија, и на крајот, сега повторно уживаат на Апенините.

По скоро деценија среќа и две деца, двојката судбоносното „да“ го кажа во 2017 година. Нивната ќерка Викторија на свет дојде во 2013, а синот Џовани 2016 година, а фудбалерот со задоволство поминува време со сопругата и нивните деца.

Инаку, Камила е многу популарна на социјалните мрежи, а основала и козметичка линија која го носи нејзиното име и се занимава со производство на препарати за нега на кожа.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Спорт // Фудбал

Можеби ќе ве интересира: