Уште во тинејџерските денови беа ѕвезди: Познати личности од Србија кои беа популарни и како малолетни (ФОТО)
Не е чудно што многумина од нив биле популарни и кога биле малолетни, а колку им се допаднала таа популарност, говори и фактот што и како возрасни, заработуваат на тој начин...
Некои од најголемите ѕвезди на српската јавна сцена поминале трновит пат за денес да бидат популарни. Од друга страна, на некои им било многу полесно да бидат дел од естрадниот крем, благодарение на своите познати родители.
Во секој случај, заедничко им е тоа што кариерата ја започнале како многу млади, воглавно уште кога биле малолетни.
# Светлана Цеца Ражнатовиќ
Откако на 16 години ја испеала песната „Цветак зановетак“, Цеца станала мегапопуларна. Младото девојче со кратка коса и скромни модни комбинации, уште тогаш ги освоила срцата на публиката и многумина ѝ предвидувале голема кариера.
И така било. денес се следи секој нејзин потег и чекор, а нејзините песни се неизоставен дел од настапите на голем број нејзини колеги.
# Анастасија Ражнатовиќ
Наследничката на Светлана Цеца Ражнатовиќ уште од тинејџерските години била интересна како за медиумите, така и за пошироката јавност. Уште како дете, таа со мајка ѝ гостувала во некои емисии и уште тогаш ги освојувала срцата на публиката.
За нејзината популарност во тинејџерскиот период допринесоа и социјалните мрежи, на кои младата пејачка редовно ги известува следбениците што прави, каде излегува и во какво опкружување се движи.
Уште тогаш се гледаше дека Анастасија ќе тргне по стапките на својата позната мајка и ќе биде дел од музичкиот свет.
Денес на јавната работа ѝ пристапи потполно поинаку и посериозно. Иако е активна на социјалните мрежи, Анастасија внимава што објавува на Инстаграм, бидејќи е свесна дека е пример на многу млади девојки.
# Вељко Ражнатовиќ
Постариот брат на Анастасија, Вељко исто така веќе со години ѝ е интересен на јавноста, а сѐ започна откако се врати во Србија од Кипар. Боксерот беше активен на Фејсбук, а нема кој не памети како се забавуваше на црногорското приморје како малолетен.
Денес Вељко е оженет со Богдана Ражнатовиќ со која има и син, успешно се занимава со бокс и живее на релација Белград - Тител.
Иако се повлече од јавниот свет, јавноста и понатаму е заинтересирана за секој негов потег.
# Луна Џогани
Секој кој се интересира за светот на познатите личности, се сеќава на периодот кога триото Луна - Анастасија - Вељко беше неразделно.
Џогани и Ражнатовиќ во тинејџерските денови беа најдобри другарки.
Додека нејзината мајка, Анабела Атијас живееше во Сараево, Луна се пресели во куќата на Ражнатовиќ, па тоа допринесе за таа и Анастасија да се зближат дополнително.
Од друга страна, Луна и со Вељко беше блиска, бидејќи своевремено беа во врска.
За тоа самите зборуваа порано, но, кога раскинаа, кажа дека тоа била детска љубов.
Сепак, пријателството помеѓу Луна и Анастасија пукна неколку години подоцна, а ниту една од нив не сакаше да ја открие причината.
# Милица Тодоровиќ
Пејачката не е дете на познати родители, но на само 14 години победи во натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ и започна музичка кариера. Милица беше миленичка на публиката од самиот старт, а нејзиниот приватен живот, и тогаш, како и сега е интересен за јавноста.
Инаку, пејачката во една прилика откри дека уште во тинејџерскиот период, имала многу настапи, па така имала многу малку време за пријателите.
Поради огромната популарност, Милица уште во тинејџерскиот период немала време за дружење со пријателите.
„Почнав да работам уште на 14 години. Имав ситуации кога друштвото ме викаше да излеземе, а јас им велев дека не можам, бидејќи морам да работам. Иако ми недостасуваше дружењето, ја сакав музиката. Таа и денес е мојот живот и од неа живеам. Секако дека е напорна работа, но јас уживам“ - кажа пејачката.
# Михајло Веруовиќ Војаж
Кога се појави на сцената, Војаж уште не беше полнолетен, а многу брзо стана ѕвезда помеѓу тинејџерите кои го чекаа на секој чекор за автограм или селфи.
За време на врската со Бресквица, доби уште поголема популарност, а нивните дуети беа помеѓу омилените кај тинејџерите.
Прегледните на неговите песни и видеа на Јутјуб бројат милиони, па заработката му беше и повеќе од одлична, особено за некој толку млад.
Во меѓувреме, Војаж стана полнолетен и многу посериозно ѝ се посвети на музиката и јавната сцена.
„Некогаш ми се случува да станам и да помислам: „Михајло, дали си ти нормален?“ Но, повторно се разбирам себе. Дојдов од навистина сиромашна приказна и самиот со својата работа и вера успеав да обезбедам сѐ, па дури и повеќе од доволно за себе и семејството. За успехот сум благодарен и знам дека е од Бог, но парите се зла работа и сѐ повеќе сфаќам зошто“ - кажа неодамна Војаж.
фото: Принтскрин / Инстаграм