Важи за личност со многу стил: Обожавателите не ѝ ги простуваат огромните фармерки и овие папучи
Младата манекенка Хејли Бибер често знае да не воодушеви со модните комбинации, но овој пат она нејзините обожаватели не им се допадна нејзиниот изглед...
Манекенката Хејли Бибер, сопруга на популарниот пејач Џастин Бибер, е позната по својот смел стил на облекување. Нејзините модни комбинации честопати се инспирација за младите дами кои зимаат пример од неа, но сепак манекенката успеа да ги изненади сите со најновиот стајлинг, кој многумина го окарактеризираа како неуспешен.
Имено, Хејли на Инста стори објави фотографија на која е облечена лежерно. Манекенката позираше во широк џемпер во боја на лаванда, а фармерките што ги избра, според нејзините следбеници, се преголеми, односно изгледаат како да се на некој друг.
„Дали е ова нов тренд, да се носат 15 броја поголеми фармерки“, „Овие премногу широки фармерки се очајни“, „Претпоставувам дека не е некоја нова мода“ - се само некои од негативните коментари. Имаше и такви на кои им пречеа нејзините влечки. Погледнете сами и досете свој суд за изгледот на младата Хејли Бибер.