Вчера наполни 20 години: Лина Пејовска за роденден доби нов пријател (ФОТО)

Вчера наполни 20 години: Лина Пејовска за роденден доби нов пријател (ФОТО)

Објавена во: Stars // Музика

На роденденската забава ги собра семејството, најблиските пријатели и соработници...

Младата пејачка Лина Пејовска вчера наполни 20 години. По тој повод организираше прослава, на која присуствуваа членовите на нејзиното семејство, најблиските пријатели и соработници.

Славеничката беше облечена во бели шорцеви и маица со паф ракави, која ја искомбинира со шминката, која ѝ беше во истите бои, за кои мора да признаеме дека ќе доминираат ова лето.

Свеќичките со број „20“ ги дувна на роденденската торта, на која доминираа белата и златна боја.


По роденденската забава, младата пејачка, на Инстаграм им се заблагодари на сите за честитките и убавите желби.

„Не можам на сите да вратам, па еве вака јавно на сите да ви се обратам. Дечки, фала ви на сите за прекрасните честитки. Ве сакам до небото и назад. Гушки од мене и мојот нов пријател“ - напиша на сторито на кое позира со големо плишано мече.

Оваа желба најверојатно ѝ ја има исполнето нејзината сестра, која објави фотографија од Лина, која го држи мечето во прегратки, но и принтскрин од една нејзина претходно објава, на која индиректно покажа што сака за добие за роденден.

фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: