Вдомете си милениче оваа зима: Ова се 4 причини зошто тоа е добро!
Милениците добро влијаат на нашето расположение: општо прифатена, а исто така и тестирана теорија е дека кучињата и мачињата можат да бидат наши најдобри другари. Постојат дури и мислења дека кучињата може да помогнат во лечењето на тагата и депресијата. За сево ова не мора да сте научник, истражувач или пак психолог, ова сигурно веќе сите го знаете, па дури и сте го почувствувале.
Милениците ни помагаат да бидеме активни: доколку имате миленичe во дворот, а со самото тоа и простор за да се истрча, тогаш знаете колку енергија имаат и колку е забавно да ги учите нови игри. Дури и ако живеете со стан, секојдневното шетање на миленичето е добро по вашето физичко здравје.
Со вдомувањето правите добро дело: има многу напуштени миленици во нашата земја, но добрата вест е дека со мали чекори може добро да влијаеме на решавањето на овој проблем. Наместо да купите расно куче, вдомете едно и дадетe му топол дом, а тоа ќе ви врати со многу љубов.
Зимскиот период е вистинско време за нов член во семејството: Уживајте во празничната магија и кругот на драгите луѓе збогатете го со едно четириножно пријателче. Миленичињата носат посебна радост во домот.