Велат дека во регионот нема позгодна водителка од неа: Како 50-годишна жена има тело на 20-годишна девојка?

Велат дека во регионот нема позгодна водителка од неа: Како 50-годишна жена има тело на 20-годишна девојка?

Објавена во: Мода // Moj стил

Многумина се прашуваат како се храни најубавата водителка во регионот, Николина Пишек, а нејзиниот совет е едноставен.

Николина Пишек важи за една од најубавите водителки на нашите простори, а и покрај тоа што влезе во 6-та деценија, изгледа како дваесетгодишна. На нејзината беспрекорна фигура ѝ завидуваат девојките, но неверојатното тело не дојде само по себе.

Жените често ја прашуваат за совет, а таа неодамна им откри дали вежба и која е тајната на нејзиниот изглед.

- Вежбам долги години. Последните две години беа послаби поради низа настани кои ми ја нарушија вообичаената рутина. Првите шест месеци не можев од тага... Но сега се враќам во мојата рутина – откри Николина. Еден од обожавателите ја праша дали е пушач, таа одговори дека не пуши, но понекогаш знае да запали кога друштвото е добро.


Едно од прашањата беше што и како јаде.

- Малку нередовно. Не појадувам. Не стигам. Малку преку ден, бидејќи кога сум во брзање не сакам да ме оптоваруваат. Јас не јадам месо, дополнувам со протеини. Земам колаген и јадам многу зеленчук - одговори водителката.

Еден следбеник се интересираше како да ослабе пред некој важен настан и побара совет од Николина.

- Ауу. Стави катанец на фрижидерот. Елиминирај ги јаглехидратите. „intermittent fasting“ ми помага - да јадам во рок од 6 до 8 часа од денот, остатокот од денот не. Многу течност за да се раздвижи лимфата - советуваше Пишек.

Веројатно покрај генетиката, за нејзината извајана фигура е заслужен и тренингот, бидејќи таа навистина со години ја одржува витката фигура.

Извор: stil.kurir.rs

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: