Весна Бејби горда на синот Кирил во САД: Кики отишол на матура и уредно се вратил дома
Актерката Весна Петрушевска Бејби е горда мајка. Нејзиниот син кој пред 2 години замина се пресели кај неговиот татко во САД е матурант.
По тој повод Весна на социјалните мрежи објави неколку фотографии од Кирил под кои напиша:
„Лејдис енд џентлмен Кики отишол на матура и уредно се вратил дома. Од вестите во светот. Нејви блу љуби га мајка. Тенкју Тренкоски фемили“, напиша Весна Бејби.
За Женски магазин, актерката во периодот кога Крил требаше да замине во САД, раскажа дека утеха и е работата со нејзините мали глумци, со кои одржува летна школа на отворено, како дел од нејзината „Актерска школа Весна Петрушевска“.
„Среќа што работам, инаку едвај се крепам. Тешко е“, вели Весна.
Желбата на Кирил да замине во САД е од пред две години. „Последниве две години се договараме со татко му кој е таму. Одеше на два пати во Хјустон кај Јанко. И ете дојде време да замине. Сè му е јасно за состојбата со вирусот, но брои денови, овде не може да ја поднесе неправдата и системот“, вели Весна за својот син и додава дека е свесен за новиот предизвик што е пред него и не се плаши.
Нејзината 15-годишна ќерка Мина е многу врзана за својот брат. За да ја охрабри својата мајка, таа реагира сосема спротивно од Весна. „Мина вели, супер е, сами ќе бидеме. Но и таа е многу тажна деновиве“, раскажа тогаш Весна.
Кирил лани дојде во посета на мајка си во Скопје.