(ВИДЕО-ФОТО) Светот тагува за кученцето Бу: Неговото срце не ја издржа смртта на другарот
Бу, едно од најпознатите кученца на светот починало во ноќта меѓу петокот и саботата, објави неговата сопственичка Ирена Ан на Фејсбук. Најслатко кученце на светот починало на 12 години.
Како што се наведува, причина за смртта е скршеното срце на Бу кој се разболел во 2017 година кога загинало кученцето Бади, неговиот најдобар пријател.
Бу на Фејсбук беше популарен повеќе од било која светска ѕвезда и имаше скоро 17 милиони следбеници.
Симпатиите ги освои поради својата фирзура , фотогеничност и одлични фотографии кои неговата сопственичка редовно ги ставаше на интернет.
Го обожаваа и децата и возрасните, а со времето поради својот изглед стана бренд.
Начинот на кој Бу го шишаа стана хит во светот, но Бу беше толку поразличен од другите што долго се мислеше дека е посебен вид на куче.
Илјадници сопственици на вакво куче ширум светот ја копираа неговата фризура но никогаш не се појави кученце слатко како него.