(ВИДЕО) Кога Роџер Федерер ќе направи ветување, го исполнува: 5 години подоцна, изненади млад фан во Цирих

(ВИДЕО) Кога Роџер Федерер ќе направи ветување, го исполнува: 5 години подоцна, изненади млад фан во Цирих

Фото: screenshot youtube/ Barilla | The Promise with Roger Federer and Zizou

Изјан „Зизу“ Ахмад веројатно никогаш не замислувал дека прашањето што му го постави на Швајцарецот на УС Опен во 2017-та година ќе го доведе до „најдобриот ден во неговиот живот“

Во 2017-та година, едно смело момче по име Изјан Ахмад, познато по прекарот „Зизу“, му постави важно прашање на Роџер Федерер за време на прес-конференцијата на УС Опен.

„Можете ли да продолжите да играте уште осум, девет години за да можам да играм против Вас кога ќе станам професионалец?“

„Да!“ - одговори Федерер.

„Дали е тоа ветување? - праша Ахмад.

„Pinky promise“, рече насмеаниот Швајцарец.

Пет години подоцна, во партнерство со неговиот спонзор „Барила“ и агенцијата „Бумеранг“, Федерер го одржа тој договор на посебен начин.

Во јуни, Ахмад беше однесен во Цирих на тренинг, или така си мислеше. Со оглед на тоа што Федерер тајно го набљудуваше секое негово движење, Ахмад се почувствува како Vip гостин кога му пријдоа „вработените“ во тенискиот клуб.

„Тренеру, тој го знаеше моето име!“ и „Разговор за ВИП“ беа некои од неговите први реакции што камерата ги забележа. Кога еден од вработените ја покажа маицата со негов лик на неа и сакаше да направи селфи како негов најголем фан, Ахмад беше крајно изненаден. Куп деца од другата страна почнаа да го скандираат неговото име.

Ахмад изговори: „Што ли се случува…“

„Нервозен сум поради него“, забележа великанот Федерер зад сцената.


Придружуван до земјениот терен опколен со неговите поддржувачи, време беше за големото изненадување.

„Сите млади луѓе кои дојдоа денеска ќе ве гледаат како играте конечно против достоен противник. Еве го вашето изненадување“.

Кога Федерер излезе, емоциите на Ахмад се претворија во неверување. Со рацете на устата и солзи радосници, младиот Американецот рече: „Здраво, господине Федерер“

„Мило ми е што те гледам. Роџер!“ - одговори осумкратниот победник на Вимблдон додека двајцата се ракуваа и се гушкаа.

Федерер го потсети: „Имавме ветување, нели? Ќе играме. Дали си спремен?"

„О, боже, ти благодарам. Многу сум возбуден“, одговори Ахмад.

Младиот талент беше во неговиот елемент и се покажа пред својот херој. Задоволната и искрена насмевка не го напушти неговото лице, додека истото може да се каже и за Федерер.

Кој победи на крајот? Точно на време се појави порција шпагети за да не се одговори на тоа прашање. Можеби двајцата пријатели дадоа уште едно „розово ветување“ дека ќе го чуваат резултатот во тајност.


Можеби ќе ве интересира: