(ВИДЕО) Матеј има само 8 години и прави чуда со хулахоп
Матеј Матековиќ има само 8 години и неверојатен талент на кој работел цели две години. Неговиот талент е вртење со хулахопи, а тој талент го покажа во едно натпреварување во Хрватска.
Жирито остана без зборови на талентот на малиот Матеј и кога го прашаа на колку хулахопи може да врти одеднаш тој даде неверојатна бројка. Имено, тој може да се справи со 42 хулахопи.
Неговиот талент беше крунисан со златен глас, кој го однесе директно во полуфиналето, а истиот му го дадоа двајцата водители. Кога се разлетаа златните конфети, Матеј не престана да скока и да се радува, а како изгледаше на неговото појавување во хрватскиот Супер талент, погледнете во продолжение.