(ВИДЕО) Мечето Теди се спаси од ужасните услови: Заминува на подобар живот во Бугарија

(ВИДЕО) Мечето Теди се спаси од ужасните услови: Заминува на подобар живот во Бугарија


Активистите за заштита на животните велат дека лошите услови за живот кај мечето Теди предизвикале анксиозност, како и повреди на шепите.

Сега конечно, Теди заминува од Штип, на подобар живот, каде ќе живее на пространо живеалиште без да биде затворено во кафез.

По силни напори, активистите за заштита на животните успејаа на мечето Теди од штипската зоолошка градина, конечно да му овозможат живот без заробеништво. Новинската агенција Франс Прес објави видео од трансферот на Теди која од ужасните услови за живот се сели во Бугарија и ќе живее во резерватот Бјелица на огромно пространство без да биде затворена во кафез.

-Мечето Теди наместо да живее во лоши услови, во мал кефез со решетки, сега ќе биде пренесено во бугарскиот резерват Бјелица, наречен „Паркот на танцувачките мечки“. Преселбата“ на Теди е оовозможена со помош на македонски активисти за заштита на животните. Резерватот Белица кој се простира на 150.000 квадратни метри е финансиран од фондацијата на Брижит Бардо и светската организација за заштита на животни „Четири шепи“. Се надевам дека ова нема да биде единственото спасено мече, изјави Тина Мицевска.


Можеби ќе ве интересира: