(ВИДЕО) Нокти со капи: Бизарен маникир го освојува Инстаграм
Новиот тренд на нокти ги освојува социјалните мрежи, а иако е бизарен, навистина добро поминува кај некои девојки.
Новиот тренд на нокти со капи го започна инфлуенсерката Unistella на Инстаграм. Врвовите на прстите и ноктите ги покрила со „капчиња“, додека другите откриени нокти ги украсила со накит. Зад Инстаграм профилот се крие уметничка од Кореја Eun Kyung Park.
„Секогаш размислувам за тоа како ноктите ќе изгледаат во иднина, имам многу идеи“ - рече Парк. Истакна дека секогаш се труди да биде во тренд и сака да испроба нови работи.
„Додатоците за нокти се доволно удобни и пријатни за секојдневието. И самите може да си ги направите“ - заклучи Park.