(ВИДЕО) Тревис Скот ја изненади Кајли со најслаткиот подарок кој може да го замислите
Најмладата милијардерка, Кајли Џенер, за четири дена полни 22 години. Нејзиното момче Тревис Скот по таа прилика се покажа како голем романтичар, бидејќи и приреди незаборавно изненадување. За својата саката, ги прекри сите подови во куќата со листови од црвени ружи, а и оставил и порака, пишува Elite Daily.
Кајли воодушевено сподели на Инстаграм и напиша:
„Куќата ми е прекриена со ружи! Тревис Скот, се уште не ми е роденден! ОМГ!“
Помеѓу листовите од ружи ја дочекала и пораката на Тревис:
„Среќен роденден! Само што започнавме! Те сакам!“
Но, на фановите најслатка била малата Сторми која си играла во цвеќињата. Тревис и Кејли би можеле наскоро да застанат пред олтарот. Нивните пријатели откриле дека парот е многу поповрзан и дека размислуваат за брак.
Секоја девојка сонува за вакви иненадувања, Кајли има голема среќа.