ВИКЕНД ХОРОСКОП: Денови исполнети со љубов за неколку знаци
Овен
Вашите зборови не звучат искрено пред саканата личност. Претерувате со изливот на емоции или во театралното однесување. Наместо на другите да им нудите помош, обрнете внимание на своите проблеми и побарајте поддршка.
Бик
Ве радуваат нови настани и нечија намера да ви угоди. Партнерот умее да ви го пренесе доброто расположение. Имате позитивно влијание на околината, идејата која ја пропагирате ја потврдува вашата свест.
Близнаци
Немојте да му ветувате работи на партнерот кои не можете да ги исполните. Добрата намера не претставува гаранција дека можете да ја усреќите личноста за која се грижите. Препуштете се на другите да тестираат или истражуваат нови можности.
Рак
Често го менувате своето расположение или одлуки. Поголема важност има она што го премолчувате, отколку работите кои му ги соопштувате на партнерот. Потпрете се на личната проценка, но самостојноста има своја добра и лоша страна. Не можете секогаш да носите исправни одлуки.
Лав
Немојте да давате големи ветувања. Бидете за нијанса поискрени или праведни кон саканата личност. Постои дел од вистината кој мудро го премолчувате. Важно е правилно да ги одредите своите цели.
Девица
Некој ве возбудува и ви го привлекува вниманието, повеќе отколку што сте спремни да признаете. Делувате таинствено. Со неколку добри потези, може да направите повеќе од луѓето од вашата околина. Можете да ги остварите своите намери на различни страни.