ВИКЕНД ХОРОСКОП: Денови во знакот на љубовта за неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Денови во знакот на љубовта за неколку знаци

Вага

Убав и пријатен викенд е пред вас. Енергијата е совршена, одморни сте и полни со елан. Имате секакви идеи и планови за викенд. Слободно впуштете се во реализација. Овој викенд едноставно уживајте во животот.

Шкорпија

Овој викенд подгответе за голема љубов од минатото која ќе ве контактира. Тоа потполно ќе ви ги промени плановите. Доколку сте мудри, може повикот да го искористите за луда забава. Тогаш опуштете се и обидете се да дознаете што ве мачело со години и што останало недокажано. Среќно.

Стрелец 

Концентрацијата и чистите мисли ви се потребни за овој викенд. Работната недела ви беше турболентна. За време на викендот вратете си го филмот и обрнете внимание повеќе на она што не е кажано, отколку на она за што се зборува. Кога ќе го „уловите“ тој момент ќе го составите коцките и совршено ќе бидете подготвени за новата работна недела.

Јарец

Минатото ви тропа на врата. Како на деловната, така и на љубовната. Деловното минато веќе ви дојде, бидејќи се имате вратено на дел од работите кои некогаш сте ги работеле. Заедно со тоа се враќа и љубовно-деловното минато. Тоа е личност од која и денес ви треперат колената. Сега без паника и страв. Викендот искористете го за дружење со пријателите и семејството, а од понеделник полека и сигурно во себе, бидејќ сега искуството е на ваша страна.

Водолија 

Новиот прилив на енергија овој викенд ви ги носи промените кои ги посакувавте, но од кои на некој начин сте се плашеле. Сепак таа нова енергија ви дава динамичност и полетност, па затоа искористете ја за деновите од викендот, онака како што вие најдобро знаете и умеете.

Риби

Полека, но сигурно влегувате во мирно пристаниште. Времето е на ваша страна, нема падови, работите се одвиваат непречено и во ваша корист. Го чувствувате тоа и овој викенд. Опуштете се и едноставно уживајте во хармонијата и рамнотежата што ја носите.

фото: freepik


Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: