Викенд хороскоп: Два среќни денови за овие знаци
Овен
Ќе имате речиси идеални услови за започнување на нов проект. Ќе го прифатите со особено задоволство, а имате и повеќе од доволно енергија да ги направите првите чекори кон негово реализирање. Сето тоа ќе придонесе за ваша афирмација во средината во која работите.
Бик
Можеби ќе доживеете некои незгодни и непријатни изненадувања. Воглавно се може да се одвива со успех, но немојте премногу да се двоумите, затоа што под дејство на тие ваши колебања се оневозможува реализација на многу ваши потенцијали.
Близнаци
Можеби ќе ја изненадите околината со повлекување во себе. Некои од вас искрено ќе се грижат за блиските личности и со нив ќе ги координираат плановите. Во слободно време може да ви се случи да ја запознаете вистинската љубов. Избегнувајте ги напорните работни задачи бидејќи лесно ќе се заморувате.
РакОва е доста динамичен викенд. Ако сте осамени можете да очекувате ново пријателство со интересна личност. Викендот е поволен за сите видови на работа. Планетите ве поддржуваат па можете да започнете и некоја нова работа. Кондицијата ви е одлична, а финансиската состојба без позначајни промени.