ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак ќе има расправии, друг романтични моменти со партнерот
Вага
Бурните настани од крајот на неделата ќе остават последици и на викендот. Наместо да го поминете со партнерот во романтична атмосфера, вие цел викенд ќе го поминете во препреки и речиси па разделени. Ѕвездите велат така, но сепак убидете се да дадете сѐ од себе за да не биде така.
Шкорпија
Напорен викенд, полн со проблеми и нервози. Само така може да се опише викендот што е пред вас и тоа никако нема да ви се допадне. Ниту на вас, а уште помалку на партнерот кој очекувал нешто сосема друго. Затоа потрудете се, барем следниот викенд да ви биде подобар.
Стрелец
На вас ви е потребен мир и неколку дена да се одморите од сѐ. Бурните настани во вашата љубовна врска ќе ве вознемират вас и сѐ што сакате е мал одмор. Викендот ви го носи токму она што го сакате, да земете здив и да размислите за сѐ и истото тоа да му го дадете и на партнерот. Потоа, сѐ ќе ви биде полесно.
Јарец
Една ваша бурна и непотребна реакција ќе ја разгори веќе напнатата атмосфера помеѓу вас и партнерот. Наместо за време на викендот да се опуштите и одморите, вас двајца ве очекуваат многу расправии. Тоа воопшто не ви е потребно, но таквиот развој на ситуацијата ќе се случи, па внимавајте да не изреагирате премногу бурно.
Водолија
Многуте обврски ќе ви ги расипат романтичните моменти за време на викендот. Сепак, не очајувајте, такви работи се случуваат и сигурно нема да влијаат на вашата љубов. Ќе има уште можности за да се опуштите и заедно да поминете магични моменти.
Риби
Едно случување кое следува во текот на овој викенд ќе го промени вашиот став кон партнерот. По изненадувањата кои ќе ви ги приреди партнерот повеќе нема да се сомневате во неговата љубов кон вас. Тоа секако е нешто најубаво што може да ви се случи.
фото: unsplash.com