Викенд хороскоп: Еден знак ќе ужива во љубовта со партнерот
Рак
Овие два дена, бидете внимателни, бидејќи е можно некој да ви ги затегне нервите до крајност и да не можете да се воздржите. Пронајдете начин да се ослободите од лутината и не одлучувајте веднаш дека сè ине се сите против вас. Бидете поодлучни, овој пристап ќе ви даде нова, поинаква перспектива.
Лав
Викендов ќе ви биде динамичен и активен во кој можете успешно да водите важни преговори. Вие сте со многу слободен дух и не уживате да ги почитувате наредбите и директивите. Можно е вашата добра врска со некој близок да се влоши ако не сте подготвени за компромис.
Девица
Викендов бидете внимателни со агресивните или премногу моќните луѓе. Ако имате контакти со такви луѓе, ќе ви биде доста тешко да им се спротивставите и да ги одбраните своите позиции. Сепак, обидете се да го направите соодветно без да се расправате, бидејќи во спротивно ќе бидете депресивни или ќе се чувствувате искористени.