ВИКЕНД ХОРОСКОП: Еден знак треба повеќе да мисли на себе
Овен
Викендот ќе ви помине во завршување на обврските, кои не сте успеале да ги завршите во текот на неделата. Време за некои други активности или дружење ќе немате. Доцните часови ќе ги поминете со вашиот партнер.
Бик
Викендот ќе ви помине онака како што ќе сакате. Би требало ова да биде еден убав викенд, поминат во друштво на една личност која ви подарува многу внимание. Тоа ќе ви годи и ќе сакате повеќе од пријателски однос со неа.
Близнаци
Посветете се на себе, своите желби и потреби, а најмногу на одморот. Сите ви се поважни, но треба да се ставите вие на прво место. Викендот би можел да ви донесе и ситуации во кои ќе треба да им се посветите на личности кои немаат големо значење во вашиот живот.
Рак
Викендот нема да поминете во некое предобро расположение, бидејќи постојат работи кои ве мачат и за кои нема со кој да зборувате. Но, обидете се данајдете некој, бидејќи ќе почувствувате големо олеснување. Можеби ќе наидете на разбирање и добар совет.
Лав
Не може да очекувате нешто од другите што ни вие самите не сте во можност да го направите. Без оглед на тоа, кога сте вие во прашање, сметате дека треба да ви излезат пресрет. Викендот ќе ви донесе интересна средба со блиска личност.
Девица
Можно е да се чувствувате незадоволство, бидејќи сега кога имате слободно време и денови, вие повторно ќе ги поминете дома. Со самото тоа нема да ви се случи ништо посебно и тоа би можело да ви создаде нервоза. Договорете некоја попладневна средба.