ВИКЕНД ХОРОСКОП: Каков период, таква среќа- Променлив јУЛИ за 5 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ
ОВЕН
Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Внимавајте на судири и нервози. Финансиската ситуација ви е сложена. Позанимавајте се малку повеќе во врска со вашето здравје.
БИК
Од пријателите можете да очекувате конкретна помош, што ќе ви олесни околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да и се доближите на некоја личност од спротивниот пол, најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива.
БЛИЗНАЦИ
Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговараат, додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореални кругови. Избегнувајте да пресудувате во семејните ситуации и посветете се на сегашните обврски.
РАК
Постои можност да заминете на некој пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа, затоа прилагодете ги своите постапки, навики и потреби ако сакате да ја задржите покрај себе.
ЛАВ
Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост за да си ја поправите вашата финансиската состојба. Можеби ќе се почуствувате нападнати па со соспствена агресивност ќе одговорите на туѓа дрскост, а тоа може да ви донесе кавги и јавни пресметки.
ДЕВИЦА
Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Со работата ќе бидете трезвени, практични и внимателни. Во меѓучовечките односи покажувате нетрпение. Ако имате врска, иницијативата пртепуштете му ја на партнерот. Невозни сте.
ВАГА
Имате големи планови и се обидувате да најдете поддршка од пријатели со кои секогаш добро сте се согласувале. Не влегувајте во непотребна расправија со една блиска личност која често се контра со вас. Можна е вест поврзана со пари.
ШКОРПИЈА
Одушевени сте од некој кој е многу шармантен, комуникативен и ви го подобрува расположението. Ни на крај памет не помислувајте да имате некаква врска! Ќе имате последици. Ито така, имате нечисти мисли. Што ве тера да сте толку негативни?
СТРЕЛЕЦ
Имате многу корист од контактите и дружењето со пријателите, посебно со оние кои доаѓаат од странство. Ви претстојат големи трошоци кои може да ве натераат да размислувате и да барате начин да ги намалите. Бидете сигурни дека можете да ги средите финансиите.
ЈАРЕЦ
Не бидете премногу енергични кога треба да го наметнете своето мислење на партнерот, особено ако се работи за Стрелец или Рак. Очекувате престврт на љубовен план и се надевате дека ќе се случи нешто што ќе влијае врз смирување со поранешниот партнер или повторна средба. Нервозата ве излегува прец очи! Крајно време е да се смирите. Ништо не е вечно!
ВОДОЛИЈА
Ако ви се допаѓа амбициозна личност која максимално е посветена на работата, најдете начин како да ја приближите кон вас. Со Близнаци ќе мора да тактизирате. Познанство преку пријатели во носи различни можности за започнување на врска, но вие сте воздржани. Инаку, припадниците на овој знак периодов се под константен стрес кој не води никаде, освен што може да ве удри по вашето здравје.
РИБИ
Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата средба. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом иако имате желба да прошетате...ама не со било кој!