Викенд хороскоп: Љубовни понуди за два знаци
Овен
Работа: Еден типичен Овен може да го помине поголемиот дел од викендот извршувајќи
домашни работи и опуштајќи се во семејна средина.
Љубов: Поволен викенд е за уживање во некоја заедничка активност со саканата личност, по можност организирајте екскурзија или прошетка.
Здравје: Одлично.
Бик
Работа: Вториот ден од викендот имате многу поволна клима да организирате сè на
начин кој најмногу ви одговара, во кругот на најблиските.
Љубов: Овој викенд не е лош за домашни посети, дружење со роднините. Уживајте.
Здравје: Внимавајте на исхраната.
Близнаци
Работа: Доколку викндов сте си поставиле неколку цели смело напред, имате
реални шанси да ги постигнете повеќето од нив, само обидете се да не трошите
премногу енергија.
Љубов: Позитивната енергија и шармот со кој зрачите ќе бидат многу забележливи во текот на овој викенд, без разлика во кое друштво сте. Искористете го максимумот и уживајте.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта, алергиски реакции.
Рак
Работа: Ракот во текот на овој викенд очекува да се занимава со вообичаени
активности во домашна, семејна средина, во која ќе уживате.
Љубов: Искористете го поволниот викенд и посветете доволно внимание и разбирање на вашата сакана која ќе знае да го цени тоа. Можете да ја усреќите со некоја ситница.
Здравје: Одлично.
Лав
Работа: Викендот не е за туркање и големи деловни потфати, но секако е за одмор
и релаксација и тоа навистина ви треба.
Љубов: Овој викенд треба да посветите малку повеќе време
исклучиво на себе и на сопствените мисли.
Здравје: Спијте доволно.
Девица
Работа: Веројатно ве очекува релаксиран и мирен викенд, па би било добро да се
посветите на некои физички активности со помали барања. Ви треба ресетирање.
Љубов: Одличен викенд за дружење и опуштање со пријателите и саканите. Можеби домашна посета.
Здравје: Многу добро.
Вага
Работа: Викендот не е толку лош за успешно извршување на потребните, основни
обврски, а остатокот посветете го на одмор и релаксација со семејството.
Љубов: Солиден викенд ги очекува оние претставници на овој знак кои се задоволни од моменталната ситуација на емотивен план, слободните би можеле да започнат некаква иницијатива, барем за дружење со кафе.
Здравје: Одлично.
Шкорпија
Работа: Можно е да добиете понуда за обука, или пак да отпатувате службено во
странство.
Љубов: Ќе имате добар прв ден од викендот за некоја убава и специфична акција во љубовната сфера. Можеби најавите патување до некој близок.
Здравје: Многу добро.
Стрелец
Работа: Во текот на овој викенд Стрелците би можеле да се оптоварат со многу
обврски. Оставете доволно време за одмор и релаксација.
Љубов: Можно е да сретнете стара љубов или личност од вашето љубовно минато која едноставно нема да можете да ја одбиете.
Здравје: Можни алергиски реакции.
Јарец
Работа: Се чека многу да се активира на вашиот професионален план. Овој викенд
се можни и некои посериозни дискусии за ова прашање.
Љубов: Не би било лошо да ја препуштите иницијативата во љубовта на саканата личност, и да се обидете уште малку да се опуштите.
Здравје: Одлично.
Водолија
Работа: Водолиите нема да пропуштат многу задачи дури ни првиот ден од
викендот, особено што некои потези или разговори ќе треба двапати да ги
повторувате.
Љубов: Заедничките моменти треба да бидат безгрижни и опуштени, а вие да дадете се од себе за да остане така.
Здравје: Многу добро.
Риби
Работа: Рибите овој викенд би можеле да се занимаваат со хоби и да се одморат
од посериозните деловни активности.
Љубов: Флертувањето и неврзаниот разговор би можеле да ве опуштат и да ве расположат, се разбира доколку тоа е во ваш интерес.
Здравје: Би уживале во физичка активност, на пример пливање.
Фото: Freepik.com