ВИКЕНД ХОРОСКОП: На нечија врата ќе затропа романса- љубов на повидок

ВИКЕНД ХОРОСКОП: На нечија врата ќе затропа романса- љубов на повидок

Овен 

Викендов ќе бидете доста ангажирани. Ќе следи поддршка од другите за она што го работите, но со неа ќе дојде и потребата да изреагирате или да ја искристализирате целата работа. Ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале, само ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.

Бик 

Викендов можат да ви се случат неочекувано важни настани што ветуваат поволен исход. Добивате сатисфакција, но таа не ве прави среќни. Бидејќи сте нескромни, ситуацијата ни од далеку не може да ги задоволи вашите апетити. Вашите пријатели ќе ве убедуваат во нешто кое не го сакате, обидете се да ги уверите дека нивната одлука не е правилна.

Близнаци

Би требало да ги искористите контактите бидејќи од нив ќе имате корист, барем кога станува збор за вашите лични интереси, дури иако на тоа воопшто не сте помислиле. На некој кој е влијателен можете да му се допаднете. Можеби ќе морате да се соочите со моќни притисоци и сили вперени кон вас од оние кои ве сметаат за силна конкуренција.

Рак 

Не се разочарувајте ако немате мотивација да се стремите кон остварување на вашите големи планови. Потребно е да се реорганизирате и да си ја повратите енергијата. Од утре ќе се почувствувате како нови. Но дотогаш, бидете потолерантни кон себе. Искористете го денот за повеќе размислување и психички труд, наместо да се фрлите на динамична активност.

Лав

Овој викенд ќе имате проблеми со меѓучовечките односи. Средината не може да го разбере вашиот перфекционизам и настојување да ја одберете потешката варијанта. Доколку некој добронамерно ви укажува на направените грешки, вие многу се лутите и нервирате. Не дозволувате никому да делува на било кој начин врз вас иако тоа би го направил со најдобра намера.

Девица 

Ќе бидете во ситуација да се занимавате со нешто кое за вас ќе биде непозната област, со која вие немате никаков допир. Споделете ги вашите проблеми со најблиските и побарајте нивно мислење. Можете да добиете целосно решение за вашите проблеми или делумни идеи кон кои можете да го насочите вашето внимание.

Вага 

Викендов очекувајте стрсови. Поголемиот дел од настаните е поврзан со некоја личност од вашата непосредна околина, па најдобро би било што повеќе време да поминете сами. Не се потпирајте на никого и не се доверувајте. Бидете трпеливи се брзо ќе заврши, па потоа ќе можете да здивнете.

Скорпија 

Викендов може да ви донесе тензија кога станува збор за околината, а вие ќе имате впечаток дека е потребно да му попуштите на некој кој има поинакво размислување од вас. Ќе имате прилика да работите некоја нова работа, со нови техники или ќе стекнете некое ново искуство.

Стрелец

Го избравте вистинскиот момент за да се активирате. Никогаш не е доцна, но вие по правило носите вистински одлуки во погрешно време. И покрај се ќе бидете задоволни. Следниот период е одличен за средување на љубовниот живот, односно за некој посериозен чекор напред.

Јарец 

Во прв план секогаш ви е друштвото. Искористете го организаторскиот талент, ентузијазмот и желбата за големи достигнувања.Секогаш можете да избирате меѓу две работи. Потрудете се да го искористите слободното време квалитетно ако сакате да се наполните со енергија. Инвентивноста ви помага со леснотија да ги остварите работните обврски.

Водолија 

Викендов ви донесува нови можности во поглед на проширување на листата на симпатии. Многу сте амбициозни и нема да се двоумите во врска со новите познаници. Можеби ќе добиете некоја интригантна информација во врска со некој поранешен партнер.

Риби 

Би сакале да имате прилика да стекнете моќ над другите особено над конкуренцијата, ако тоа го постигнете, би требало да ја искористите оваа моќ за она што ви е потребно на вас, но и на оние околу вас. Немојте својата моќ да ја користите само за себе бидејќи тоа нема да ви донесе никаква предност.


Можеби ќе ве интересира: