ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неколку знаци нека очекуваат позитивни промени

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неколку знаци нека очекуваат позитивни промени

Овен

Некој ги тестира вашите граници на издржливост. Сега не е време за исправувањето на кривите патишта. Викендот искористете го за да си ги средите мислите, и да ги контролирате вашите реакции. Почетокот на неделата ви носи подобра енергија.

Бик

Љубовните проблеми сега ќе доживеат кулминација. Немојте ништо да пресечете преку ноќ. Сабота и недела се денови за опуштање и така искористете ги. Нежен и топол разговор со сите, а особено со вашиот емотивен партнер. Проблемите решавајте ги во недела.

Близнаци

Вие сте во убава енергија и потрудете се така да остане и за деновите од викендот. Ќе бидете изненадени од острите реакции од блиското опкружување. Немојте да наседнувате. Мирот кој го чувствувате не случајно е дојден до вас. Длабоките внатрешни разговори ќе ви годат.

Рак

Во вашето опкружување енергијата е напната. Вие сте сунѓер за такви работи. Сепак, немојте таа енергија да ја пренесувате и во викендот. Убав ручек, чаша вино со одбрани луѓе и вие ќе се наполните со нова енергија која ќе ја пренесете во следната работна недела.

Лав

Ќе ве изненадат финансиски трошоци. Особено Лавовите кои се во процес на адаптација. Тоа може да се одрази на вашиот однос со опкружувањето, бидејќи сте преоптеретени со приватните проблеми. За викенд длабоко земете воздух, дигитрон во раце и повлечете црта. Сепак, не е сѐ толку црно како што ви изгледа.

Девица

Социјалниот дел од вашиот живот засега е мирен. Не ви ја црпи енергијата. Викендот искористете го за детално зимско средување на домот за да сѐ да биде тип топ за претстојните празници. Вие сакате сѐ да е на свое место, па затоа време е да ја украсите елката.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: