ВИКЕНД ХОРОСКОП: Нова љубов на видик за неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Нова љубов на видик за неколку знаци

Овен

Ако имате големи планови за викендов, имајте на ум дека нема да можете да постигнете сè. Подготвени сте целосно да се препуштите на чувствата што ги имате кон вашата сакана личност. 

Бик

Обидете се да не планирате патувања за викендов затоа што може да имате проблеми и компликации. Личноста што ви се допаѓа покажа дека има повеќе недостатоци отколку што мислевте. 

Близнаци

Може да очекувате нова средба што ќе ви биде многу важна. Обидете се да се покажете во најдобро светло. Среќни сте во вашата врска со вашата сакана личност. 

Рак

Ќе решите некои проблеми што ви пречиле претходно.  Чувствувате големо олеснување. Имате неколку ситни проблеми со партнерот што можете да ги решите ако се потрудите. 

Лав

Може да очекувате можност да добиете добра понуда, не ја пропуштајте. На љубовен план се е во ред, а може да сметате на нови случувања. 

Девица

Можеби не сте задоволни од околностите во кои се наоѓате и не оди сè  како што се надевавте. Но ве чека средба со интересен познаник, со кој подоцна ќе стапите во сериозна врска. 

Вага

Во периодот кој следува ќе напредувате и ќе постигнете одлични резултати. Направете убави заеднички планови за иднината со личноста што ја сакате. Викендов ќе се чувствувате одлично.

Шкорпија

Може да има некои неочекувани промени во вашиот живот. Може да очекувате интересна комуникација и да се сретнете со личност која ќе ве шармира на прв поглед. 

Стрелец

Може да очекувате дека наскоро ќе имате можност да постигнете нов и важен договор. Ве чека нова љубов. Може да се надевате на позитивни промени. 

Јарец

Ќе ги остварите плановите кон кои се стремевте долг период. Викендот е одличен за вашето поле на емоции, ако има личност која ви се допаѓа. 

Водолија

Наскоро ве очекува дружба што може да ви биде многу важна во иднина. Запознавањето со нова личност ќе ви ги измеша чувствата. Можни се заеднички проблеми.

Риби

Почнете да ги реализирате своите идеи со помош на важна личност која ве поддржува. Може да очекувате средба со познаник што ќе ве доведе во состојба на забуна. Внимавајте на исхраната.


Можеби ќе ве интересира: