ВИКЕНД ХОРОСКОП: Новогодишната еуфорија ќе владее кај неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Новогодишната еуфорија ќе владее кај неколку знаци

Овен

Последниот викенд од оваа 2019 година овните ги очекува луда забава и дружење со блиски пријатели и семејството.

Бик

Последните сабота и недела од годината што изминува Бикот ги резервира за семејството. Домашно дружење, готвење за најблиските и уживање во домот.

Близнаци

Зборувањето во пријателски круг може да ви даде идеи за инвестиции или дополнителна соработка.  Уште не завршила годинава, правите планови за идни цели.

Рак

Ги завршувате обврските, за да влезете во новата година со сработени обврски, но исто така и сакате да расчистите со партнерот, за да знаете дали вреди да се трудите околку врската во новата година, или тука да биде крајот.

Лав

Лавот во последниот викенд од оваа 2019 година ќе се стреми да биде забележан секаде за да ја заокружи годината на врвот и сите очи да бидат вперени во него.

Девица

Девицата планира шетање викендов, сака да го искористи последниот викенд од годината.

Вага

Вагата викендов ќе мери, што направил, што не сработил, до каде е врската со партнерот, дали да вложува уште во врската или да бара нов партнер за новата година.

Шкорпија

Шкорпијата викендов ќе одмори од обврски и ќе се сконцентрира на уживање и забава.

Стрелец

Личностите од овој хороскопски знак  прават последни подготовки за новогодишната ноќ. Списокот им е направен, бидејќи стрелците се секогаш организирани.

Јарец

Среќата е на нивна страна, нивен е и месецов, а со позитивни мисли ќе влезат и во новата година. Јарците викендов ќе се забавуваат новогодишно.

Водолија

Смирено ја дочекуваат новата година, еуфоријата нив пред Новата година, не им е приоритет, за нив пречекот за Нова година е обична журка, тие се преиспитуваат дали сработиле доволно во годината што изминува.

Риби

Емотивните риби и во последниот викенд од оваа 2019 година се прашуваат дали помогнале доволно и дали израдувале повеќе блиски луѓе. 

Можеби ќе ве интересира: