ВИКЕНД ХОРОСКОП: Одлични два дена за неколку знаци
Дознајте што може да очекувате според прогнозата на астрологот на полето на работата, љубовта и здравјето, викендов.
Овен
Работа: Дефинитивно не е период за носење важни одлуки, само доколку сериозно не се консултирате со некој кој сега гледа порационално и појасно од вас.
Љубов: Може да очекувате добро расположение на љубовен план од нова симпатија, која се обидува да ве освои на секој начин.
Здравје: Многу добро.
Бик
Работа: Повеќето Бикови ќе имаат многу работа овој викенд, што пред се‘ ќе се одрази на полето на енергијата. Нема причина за грижа, во вашиот воспоставен ритам успевате да се носите со сите предизвици.
Љубов: Уживате во комуникацијата со личност која неодамна сте ја запознале. Уживајте.
Здравје: Зајакнете го имунитетот со внес на витамини.
Близнаци
Работа: Викендов ги имате сите предиспозиции да ги покажете своите професионални способности на дело. Посебно се нагласуваат контактите со странство.
Љубов: Овој ден ви носи солидна клима за воспоставување нови познанства и позитивни љубовни вибрации, затоа одете добро да се забавувате.
Здравје: Поминувајте повеќе време во природа.
Рак
Работа: Вашите деловни резултати во текот на овој викенд би можеле да ги забележат и колегите и претпоставените. Ве очекува добра работна атмосфера.
Љубов: Слободни Ракови, средбите со интересни луѓе можат да бидат обвиени во тајност.
Здравје: Многу добро.
Лав
Работа: Повеќето типични Лавови викендов би можеле без поголеми проблеми да ги завршат деловните обврски за оваа работна недела. Сепак, се советува претпазливост кога станува збор за инвестиции, бидејќи не е време за вложување повеќе пари во бизнисот.
Љубов: Иако во ваша близина има нови симпатии, се е некако површно и несериозно. Почекајте поповолен момент за подобри познанства.
Здравје: Можна несоница.
Девица
Работа: И покрај сиот вложен труд и пред се‘ практичноста и трудољубивоста во работата во претходниот период, Девиците би можеле да очекуваат некакво задоволство.
Љубов: Искористете ги сите ваши адути за заведување доколку се грижите да го привлечете вниманието на личност кон која веќе некое време чувствувате симпатии.
Здравје: Нежност на зглобовите.