ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овие два дена заборавете на имплусивното однесување

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овие два дена заборавете на имплусивното однесување

Овен

Неповолната клима нема да трае долго, важно е добро да се подготвите на следната фаза. Нема потреба да се однесувате премногу комплексно или наметливо кон саканата личност. Простете му на партнерот за различните пропусти кои ги прави, немојте да ги „гаснете“ љубовните искри.

Бик

Доколку сакате да ја убедите околината дека поседувате практично знаење и интелектуална способност, бидете доволно истрајни во своите цели. Во приватниот живот делувате сомнително и му пронаоѓате различни замерки на партнерот. Сепак, вашата интелигенција не е семоќна во решавањето на основните љубовни дилеми.

Близнаци

Посветувате многу внимание на решавање на некои актуелни проблеми. Во односот со саканата личност провејува доза на взаемна несигурност и недоразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат комплицирано, вашиот партнер ги гледа со други очи и има различно гледање или оптимистички прогнози.

Рак

Потрудете се да бидете ангажирани на различни страни. Важно ви е на семејството и саканата личност да им подарите повеќе радост. Понекогаш е тешко да ги вклопите различните интереси и афинитети, но во име на заедничката среќа се е можно. Препуштете се на своите чувства и емотивна инспирација.

Лав

Потребно е да воспоставите подобра селекција при изборот на цели или да ги промените вообичаените критериуми. Во љубовниот живот, важно е да ги зачувате вистинските вредности и искрено да му удоволите на партнерот. Потрудете се да бидете доволно разумни и умерени кога се решаваат заедничките проблеми.

Девица

Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основно мерило на вредностите. Најубавиот настан ве очекува во љубовниот живот или на средба со една драга личност. Секогаш кога ќе се измешаат вашите страсти и чувства, нека ви биде позитивен „сигнал“ кој води кон љубовна романса.


Следна страна

Можеби ќе ве интересира: