ВИКЕНД ХОРОСКОП: Проблеми во љубовта за неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Проблеми во љубовта за неколку знаци

Овен

Не дозволувајте некој во вас да ја разгори натпреварувачката страст или желба за натпреварување. Размислете внимателно дали предноста е на ваша страна.

Се обидувате пред саканото лице да делувате мистериозно, но не успевате да го скрие вашето вистинско расположение или емоциите кои ги потиснувате во себе. Потребно ви е нечие разбирање.

Зголемена напнатост.

Бик

Проверувате дали некој си игра со вашата доверба или станува збор за заедничко деловно недоразбирање. Нема потреба да се жалите за пропуштената прилика.

Работите кои според вашето мислење изгледаат интересно и привлечно,партнерот ги гледа со одреден степен на недоверба и има поинакви ставови.

Повеќе одморајте.

Близнаци

Исполнети сте со оптимистички дух и креативна енергија и затоа на различни прашања одговорете самоуверено и духовно. Поласкани сте со некои комплименти.

Партнерот со нетрпение очекува да му го посветите своето внимание.Слободно уживајте во вообичаените моменти на нежност и фантазија. Добро се чувствувате.

Рак

Претерувате со различните барања што ги поставувате пред своите соработници. Ве очекуваат негативни коментари или неодобрување од некого. Не треба да влегувате во конфликти.

Недоразбирањата што ве придружуваат во љубовниот живот не се незначајни, но не се ниту тема која треба постојано да се повторува. Не дозволувајте новите недоразбирања да кулминираат.

Чувајте се од настинка.

Лав

Ако ви е полесно привремено да заборавите на личните проблеми, прифатете нечија идеја за соработка. Дополнителен ангажман може да ве оддалечи од примарните работи.

Нема потреба да се плашите од вистината или да ги потиснувате своите емотивни желби во друштво на блиска личност.

Проблеми со синусите.

Девица

Делувате нетактички пред околината и зборувате повеќе отколку што е потребно за своите цели. Бидете повнимателни во непознато друштво.

Донесувате заклучок заснован на субјективен впечаток и залудно размислувате за средба со некој кој изгледа дека не во ваш домет.

Чувајте се од повреди.

Вага

Чувствувате потреба да го зачувате редот во вашата околина, но тоа го правите на претенциозен начин или во погрешно време. Променете го своето однесување.

Вознемирени сте од чувството на монотонија што се гледа во односот со саканата личност и впечатокот дека сте запоставени во нејзините планови.

Одлично се чувствувате.

Шкорпија

Важно ви е да оставите сценски впечаток на околината и затоа ја преувеличувате вашата способност во одредени ситуации. Сепак, некој со симпатии го оценува вашиот стил.

Без оглед на вашиот емоционален статус и возраст, прифатете ја играта на заведување или нечија порака. Ќе добиете нови емотивни контакти.

Ќе ви годи релаксација.

Стрелец

Изгледате шармантно и духовито пред својата околина. Со смислена тактика можете да привлечете нечиј интерес. Важно ви е да изгледате како перфекционист.

Потребен ви е момент на инспирација за да ја покренете лавината на нечии чувства и да почувствувате интимна среќа.

Добро се чувствувате.

Јарец

Без оглед на нечија великодушна улога или ветување, забележувате дека работите се движат во погрешна насока. Вие не можете да влијаете на различните околности.

За жал, ниту љубовните настани не се според вашиот вкус или мерка. Партнерот јасно ви кажува дека има свои планови и одбива да ги сослуша вашите идеи.

Чувајте се од настинка.

Водолија

Ако сте во непријатна ситуација, нема потреба да ја повторувате познатата приказна или да давате брзи ветувања. Тешко ви е да го признаете својот пораз.

Одбегнувајте ситуации во кои се чувствувате лошо или некои непотребни возбудувања. Нема причина да се повлекувате во својот свет на тишина или да се откажувате од личното задоволство.

Можно е да имате проблеми со грлото.

Риби

Загрижени сте поради нечии зборови и тоа со добар повод. За да ги зачувате вашите интереси, неопходно е да се послужите со мали итрини. Бидете промислени.

Во љубовниот однос ви пречи еуфоријата на партнерот која ја препознавате се во однесувањето, туку чувството на емотивна резигнација и несигурност која веследи.

Добро се чувствувате.

Можеби ќе ве интересира: