Викенд хороскоп: Рибите ги очекува пријатно изненадување, за Лавовите и Јарците следува успех

Викенд хороскоп: Рибите ги очекува пријатно изненадување, за Лавовите и Јарците следува успех

Вага

Сите ваши амбиции и планови може да се остварат ако имате доверба и верба во себе. Плените со шармот, вие сте голем дипломат. Сето тоа единствено може да биде упропастено од ваша избрзана реакција, што не е својствена за вас. Ни случајно немојте да се согласувате на компромис, кој се коси со вашите принципи и ставови. 

Шкорпија 

Ова е период кога треба да се преиспитате. Бидете отворени и искрени. Мора да се соочите со своите грешки и пропусти. Единствено така ќе најдете вистинско решение и одговор на сите прашања. Помошта од околината не ви е потребна. Доволно е да се потпрете на својата интуиција, која скоро па е непогрешива.

Стрелец

Немојте да се двоумите околу она што ви е важно. За да го постигнете тоа што сакате бидете тактични, но и директни. Единствено на таков отворен и директен начин можете да поставите сигурни и здрави темели. Блиска личност ќе биде до вас.

Јарец

Сега е вистински момент да се подобри моменталната ситуација. Немојте да одолговлекувате со промени. Полека размислувајте, направете јасен план и јасно изнесете ги плановите и одлуките и начинот на спроведување на истите. Искористете го овој викенд паметно.

Водолија

Обидете се да не реагирате на прва топка. Можно е да се најдете во провокативна ситуација. Добро размислете, не брзајте со одговорите. Обидете се да сфатите од кого доаѓа таа негативна енергија. Блиска личност е до вас, послушајте ги нејзините добро намерни совети. Можеби таа понекогаш подобро ги гледа работите од вас.

Риби

Работите во семејството почнуваат да се движат во сосема неочекуван правец, што многу пријатно ќе ве изненади. Многу сте трезвени и стабилни и тоа е она што семејството го очекува од вас. Вашата сила им годи и тие наоѓаат засолниште кај вас. Обидете се ја задржите таквата состојба на духот и телот.



Претходна страна  

Можеби ќе ве интересира: