ВИКЕНД ХОРОСКОП: Среќа во љубовта за неколку знаци

ВИКЕНД ХОРОСКОП: Среќа во љубовта за неколку знаци

Овен 

Го чувствувате засилениот емотивен занес во нечија близна и ви годи новата улога. Понекогаш и оние „чудни желби“ може да се остварат, важно е работите да ги наречете со „вистинското име“. Направете го тоа и овој викенд ќе ви биде исполнет со страст и љубов.

Бик

Покажете великодушност пред саканата личност. Избегнувајте го ривалскиот однос или „љубовните убоди“ кои непотребно ве разделуваат. Дури и кога мислите поинаку тоа не треба да води кон спротивставување. 

Близнаци

Доколку премногу уживате во улогата на „дежурен критичар“, потребно е да се соочите со некои негативни реакции кои стигнуваат од вашите пријатели. Не можете секогаш да влијаете на нечие мислење или однесување, затоа овој викенд „наполнете ги батериите“ и подгответе се од понеделник отворено да разговарате со сите.

Рак

Внимателно анализирајте ги новите пораки кои ги добивате од саканата личност. Немојте да игнорирате нечии зборови, само затоа што не ви се допаѓа она што го слушате.

Лав

Добро се чувствувате. Доколку имало некои здравствени проблеми, тие поминале и овој викенд е вистинско време да се вратите во форма. Па, правец на забава и уживајте.

Девица

Нема причина да го прикривате своето нерасположение пред личноста која добро ве познава, потребна ви е нечија искрена поддршка. Со потиснување на чувствата поттикнувате само поголема напнатост. Опуштете се. Проблемите ќе се решат.

Вага

Покрај своја волја се заплеткавте во различни ситуации, а сега барате добар излез или некое практично решение. Сочувајте го присебниот дух, секој проблем има потенцијално решение под услов да прифатите нечиј совет и позитивно влијание.

Шкорпија

Потребна ви е нечија искрена поддршка или личност со која можете да изградите чувство на доверба и емотивна блискост. Внимателно бирајте го друштвото за патување. Овој викенд е вистинско време за искрен разговор.

Стрелец

Потрудете се да делувате доволно убаво или „неодоливо“ во друштво на блиските личности. Наведете и на саканата личност дека таа е вашиот избор. Навистина, секогаш постои начин да го остварите она што го сакате.

Јарец

Забавате го темпото! Поминете го викендот дома со добра книга или филм и „наполнете ги батериите“, бидејќи ве очекува напорна недела.

Водолија

Потребно е да делувате опуштено пред саканата личност поради подобро разбирање. Препуштете и се за да ја има главната улога во блискиот контакт.

Риби

Повремено како да го губите разумот и трпението пред една блиска личност, која ги прави работите кои не ви се допаѓаат. Делувате премногу напнато во нечија близина, а неопходно ви е опуштање и одмор.

Можеби ќе ве интересира: