ВИКЕНД ХОРОСКОП: Не бидете наивни- 4 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ во небрано
ОВЕН
Време е да ги согледате сопствените слабости и храбро да тргнете кон промените. Имено, како мислите да го подобрите впечатокот во јавноста , кога покажувате инертност и страв од соочување со предизвиците. Затоа, ако сакате да излезете како победник над искушенијата ќе мора да ги дијагностицирате проблемите.
БИК
Во емотивната свера долго време не можете да ја постигнете потребната рамнотежа, иако постојано се обидувате да ја пронајдете вистинската инспирација. Време е да размислите за причините кои ви ја предизвикуваат кризата, бидејќи бесперспективноста опасно ви се заканува и ви ја потиснува самодовербата.
БЛИЗНАЦИ
Не дозволувајте лицата кои не покажуваат толеранција и хуманост во односот да ви предизвикаат немир и да ви ја неутрализираат желбата за постигнување на нешто ново и возбудливо во животот. Мора да верувате во сопствените вредности и да сватите дека ретко кој искрено и со чувство на добронамерност ја прифаќа вашата соработка.
РАК
Обидете зе да го контролирате однесувањето со блиските зошто ако им дозволите и понатаму да се однесуваат неодговорно и конфузно, со својата тврдоглавост ќе предизвикаат приоблеми што ќе ви создадат големи главоболки. И во минатото се случуваше другите да не ви ги прифаќаат советите, а подоцна увидуваа дека грешат.
ЛАВ
Проблемите и ограничувањата кои ве зафатија се плод на вашата неодговорност и на желбата за лесно провлекување во миговите кога е потребна стабилност, дисциплина и добронамерност. Затоа, нужно е да се соочите со бесперпективност поради која јавноста ве избегнува, а пријателите сватија дека не секогаш си стоите на зборот.
ДЕВИЦА
Контактирајте со лицата кои ве привлекуваат и надминете ја суетата, односно желбата за доминација бидејќи без толеранција и согледување на туѓите потреби не може да се оствари посакуваната цел. Затоа, искористете го поволното влијание на планетите за воспоставување постабилни и поквалитетни односи со блиските.
ВАГА
Колку и да ги обвинувате другите за состојбата во која се наоѓате, ќе мора да размислите дека во голема мера и самите сте придонеле за кризата зошто во периодите кога можевте да расчистите со непродуктивноста и конфузната перспектива, вие манифестиравте колебливост и зависност од ставовите на блиските.
ШКОРПИЈА
Не размислувајте премногу, туку обидете се да ја манифестирате оригиналноста и харизматичноста во комуникацијата, зошто постојат хармонични прдуслови за внесување нешто ново и возбудливо во вашиот живот. Ви се препорачува да ги средите обврските кои непотребно ги запоставувавте а треба и да ја иницирате креативноста.
СТРЕЛЕЦ
Влијанието на планетите не е најхармонично поставено кон вашиот зодијачки знак, така што ќе се соочите со непријатности кои максимално ќе ве истоштат на психофизички план. Смирете ја енергијата и ориентирајте се кон конструктивните области на животот, бидејќи опасностите постојано ќе ве демнат.
ЈАРЕЦ
Не треба да ве зафаќа мислата дека со вашиот живот доминира бесмисленоста и дека не вреди да се борите за своите права, без оглед што лицата кои ви ја решаваат судбината, не манифестираат чесност и чувство за туѓите проблеми. Иако, во најголема мера ја говорите вистината, сепак илузорно е да му се предадете на апсурдот.
ВОДОЛИЈА
Неопходно е добро да се организирате, да ги утврдите суштинските приоритети и да верувате во тоа што го знаете затоа што наскоро ќе ве очекуваат искушенија во сите сфери на животот. Ѕвездите укажуваат дека не треба да се грижите бидејќи поседувате хармоничен потенцијал за елиминирање на надворешните влијанија.
РИБИ
Придвижете ги работите кон нагорна линија затоа што поседувате сила и квалитет за успешно надминување на ограничувачките фактори и за стопирање на негативното влијание што го трпите од лицата кои ве опкружуваат. Верувајте во сопствените вредности и не дозволувајте секој што ќе стигне да ве искортистува на психофизички план.