Викенд љубовен хороскоп: Лавот го очекува нешто супер, а Бикот баш и не!
Дознај каков ќе ти биде љубовниот живот до крајот на викендот!
ОВЕН – ќе имаш многу енергија и ќе се чувствуваш секси, особено за време на викендот. Комбинацијата на страст и енергија ќе те излуди дколку на некој начин не ја исфрлиш од себе. Викендот ќе ти биде полн со забави и флерт, а чувствата ќе ти се разбудат и ќе бидат поинтезивни. Ова е совршено време да се дружиш со симпатијата.
БИК – ќе бидеш оптоварен со учење, па викендот ќе сакаш да бидеш сам. Во недела ќе се чувствуваш подобро и ќе сакаш малку интимност со твојот парнер. Ќе бидеш емоционален, а односите со другите ќе ти се продлабочат и ќе станат поинтимни. Најдобро е прво да се фокусираш на училиштето, па потоа да дозволиш твојот живот да биде преземен од романтиката.
БЛИЗНАЦИ – одличен викенд е пред тебе. Доколку одиш на забава, многу е можно да налеташ на некој кој ти се допаѓа, да пронајдеш нова симпатија или лудо да се забавуваш со парнетнерот. Време е да пробаш нешто ново во својот љубовен живот.
РАК – сакаш да останеш дома, но повикај некој да се милува со тебе и под топло ќебе да гледате серии. Во недела ќе се чувствуваш подобро и ќе имаш повеќе енергија, па ќе се пуштиш во потрага по нов љубовен партнер.
ЛАВ – овој викенд ќе биде полн со поврзување со другите. Ќе имаш повеќе самодоверба отколку порано, а имаш толку многу енергија. Не мораш да се потрудиш за да се забавуваш овој викенд, само излези. Уште си навистина заслепен, затоа фокусирај се на поединечни односи со другите и земи си време за одмор.
ДЕВИЦА – љубовниот живот во последно време се забави. Нема ненадејни изненадувања во врските, но за време на викендот те очекуваат некои промени. Ќе сфатиш дека можеби цело време присуствуваш на врските погрешно. Не можеш да ги идеализираш другите, да правиш будала од себе, бидејќи си правиш нереална слика за нив. Време е да престанеш да гледаш на врските од нереален агол.
ВАГА – чувствуваш социјална, флертовска и љубовна вибрација, затоа време е да се поврзеш со пријателите или да се впуштиш во романса. Можеби е време да се промени твојот статус, а се ќе биде благодарение на нов познаник. Од друга страна, твоите преоптимистични погледи на светот може да те донесат во невоља врската.
СКОРПИЈА – викендот ти носи многу емоции, а во недела се враќаш во рамнотежа. Ќе останеш дома и ќе бидеш повеќе интровертен отколку порано, но не на лош начин, само биди мирен. Ќе се прашуваш колку твоите погледи на љубовта се реалистични.
СТРЕЛЕЦ – викендот ќе ти биде исполнет со романтика и забава, а времето е совршено за да склопиш нови односи кои може да се претворат во нешто повеќе. Ќе бидеш чуден, затоа помини малку време насамо, но следната недела ќе носи подобра енергија. Ќе размислуваш за врските и можеби ќе се одлучиш дека треба да се впуштиш во нешто.
ЈАРЕЦ – овој викенд ќе останеш подолго над книгата. Во недела ќе се фокусираш на социјализирање, а со останатите ќе се поврзеш поинтимно. Многу си фокусиран на врските и ќе откриеш нешто ново за својот љубовен живот. Ќе станеш емоционално отврен, затоа би требало да не бараш многу во врските.
ВОДОЛИЈА – викендот за тебе ќе биде одлучен бидејќи ти се отворени зоните на социјализацијата и забавата. Имаш многу енергија и самодоверба, привлекувајќи го секое внимание и можеби ќе заработиш и некој „дејт“. Ќе ти се јави личност која ќе ја запознее викендот. Еден чекор си поблиску до врска!
РИБИ – фокусиран си на интимната врска со твојот партнер. Нема да знаеш како да се изразиш со зборви, па по викендот ќе експлодираш и се ќе си кажеш. Најверојатно ќе сфатиш дека со нешто го имаш повредено партнерот. Време е да се отвориш и да разговараш.