Висината како проблем: До која година и колку растат девојчињата, а колку момчињата?

Висината како проблем: До која година и колку растат девојчињата, а колку момчињата?

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Висината често може да биде проблем - некои се грижат бидејќи се прениски, други пак бидејќи се највисоки во друштвото. Никако не е добро.

За сите оние кои моментално се прашуваат „До кога ќе растам“ или „Кога конечно ќе пораснам“, одговорот е  тука.

Пубертетот е време за психички и физички промени меѓу кои е вклучено и растењето. Прво растат дланктие и стапалата, потоа рацете и нозете, а на крајот расте 'рбетот. Исто така, постои и проширување на градите и рамената кај момчињата и зголемување на колковите и карлицата кај девојчињата. 

Лошо расположение тука бидејќи растот на телото не го следи растот на мозокот. Висината се зголемува, а центарот за гравитација во мозокот тоа не може да го следи, па може да дојде до губење на рамнотежата - за тинејџерите често се вели дека се трапави, а тоа е така само од оваа причина.

Просечното момче најбрзо расте помеѓу 15 и 17 години и потребни му се уште две дополнителни години, па така со растењето завршува помеѓу 19 и 20 години. Во најбрзиот период, момчињата може да пораснат до 9 сантиметри годишно.

Девојчињата со растењето започнуваат порано и нивното најбрзо растење е помеѓу 12 и 13 години. Со растењето завршуваат порано, во просек на 18 години. Во најбрзиот период девојчињата може да пораснат до 8 сантиметри годишно.

Наглото растење во висината предизвикува лошо држење на телото и искривување на 'рбетот, особено доколку се храниш неправилно или се движиш премалку.

Што да јадеш?

Освен растото, се добива и килажа и тоа од 5 до 6 килограми во една година. Не е невообичаено да се здебелите повеќе поради акумулацијата на масното ткиво, зголемената секреција на лојните жлезди (појава на мозолчиња на лицето и грбот, мрсна коса) и друго.

Адолесцентите би требало да имаат по 5 - 6 оброци дневно. Исхраната мора да биде богата со извори на протеини со висока вредност, како што се немрсното месо, риба, јајца и млечни производи. Житарките, овошјето и зеленчукот треба да бидат темел на исхраната, а предност треба да им се даде на растителните масти и мрсната риба.

За правилен раст и развој многу е важен и внесот на калциум, бидејќи покрај тоа што прави соодветна коскена маса, калциумот во вистински количини помага и во контракцијата на мускулите. Треба да пиете 4 чаши млеко, сирење или јогурт на ден - житарките со млеко за појадок, чаша млеко пред спиење и сирење или јогурт со некој оброк во текот на денот.

Доколку повеќе не сте во пубертет и не сте задоволни со својата висина, во продолжение погледнете неколку вежби кои може да ви помогнат да се истегнете малку во висина:


фото: Unsplash

Објавена во: Совети // Boys and Girls

Можеби ќе ве интересира: