Високи дози на Б витамини за здрав нервен систем

Високи дози на Б витамини за здрав нервен систем

Објавена во: Совети // Вежбаме

Б витамините се исклучително важни за одржување на нормалната функција на нервниот систем.  Секој Б витамин игра одредена улога во нормалното функционирање на човечкото тело, но заедно витамините од оваа група пројавуваат синергистичко дејство и затоа е пожелно тие да се земаат заедно.

Кога станува збор за здравјето на нервниот систем, ова особено се однесува на витаминот Б1, витаминот Б6 и Б12.

За витамините Б1, Б6 и Б12 клинички е докажано дека нивната комбинација  поволно влијае врз нервниот систем. 

Редовното користење на комбинацијата на овие 3 витамини, како дополнување на здравата и балансирана исхрана, заедно со редовната физичка активност, води до синергистичко делување кое може да помогне во различни ситуации каде веќе се појавиле некои симптоми кои укажуваат на оштетување на нервите. 

Научно е докажано дека комбинирањето на овие витамини во форма на квалитетен додаток на исхраната, може да допринесе за одржување на оптимална функција на нервниот систем, може да помогне и при состојби каде постои некое оштетување на нервите или каде што има детектирано недостаток на овие витамини.


Dietpharm Neuron B е производ кој содржи високи дози на витамините Б1, Б6 и Б12 и е наменет за возрасни и за деца над 14 години, со цел да помогне во одржувањето на здрав нервен систем.

Препорачана дневна доза од овој производ е една капсула на ден, која е препорачливо да се земе со оброкот.

Витаминот Б1 (тиамин) е одговорен за претвoрање на енергијата од храната, поточно од јаглените хидрати во енергија која нервите клетки можат да ја користат за нормално да функционираат.

Затоа што по внесувањето во телото како хидросолубилен витамин тој не може да се складира, пожелно е доколку е возможно истиот секојдневно да се внесува во телото во доволни количини преку храната.

Тиаминот најмногу го има во рибата, во мешункаситите плодови, во семките и во интегралниот ориз.

Витаминот Б6 го има во пилешкото, но и во мисиркиното месо, во скробестиот зеленчук, во млечните производи.

Витаминот Б6 или пиридоксин, е неопходен за создавање на неуротрансмитерите и за пренос на нервните сигнали низ нервите.

Витаминот Б12 го има само во производите од животинско потекло и затоа вегетаријанците и веганите истиот треба да го суплементираат.

Неговата улога во одржувањето на здрав нервен систем е незаменлива затоа што е неопходен за регенерација и поправање на оштетувањата во нервите.  Витаминот Б12 е потребен за создавање на миелинските обвивки на нервите.

Недостатокот на некој од овие Б витамини или на сите може да доведе до пореметувања во функционирањето на нервниот систем и да создаде нелагодни симптоми како на пример трнење на одредени делови на телото.

Периферната неуропатија која често се појавува кај дијабетичарите или кај некои лица со други хронични болести како што е реуматоидниот артритис, исто така се смета дека е поврзана со недостатокот на овие витамини.

Затоа доколку со редовна и балансирана исхрана не можат секојдневно да се задоволат потребите на телото, а особено на нервниот систем, од овие витамини, потребно е исхраната да се надополни со некој квалитетен додаток, каков што е Dietpharm Neuron B.

Мр. По фармација Весна Константинова


*пр објава


Објавена во: Совети // Вежбаме

Можеби ќе ве интересира: