Вистински херој: Ја победи леукемијата, а сега ја донираше својата коса за децата болни од рак

Вистински херој: Ја победи леукемијата, а сега ја донираше својата коса за децата болни од рак

Објавена во: Совети // Другарство

Зејнеб, девојче од Босна и Херцеговина на само три години се лекуваше од леукемија. За среќа ја победи подмолната болест, а сега направи прекрасно хумано дело.

Имено таа ја донираше својата долга руса коса за Здружението „Срце за децата болни од рак“ за изработка на перики за деца кои ја изгубиле својата како последица на хемотерапиите.

„Нашата Зејнеб

Ја запознавме како тригодишно дете во 2018-та година на хемато-онколошкиот оддел во Тузла, кога дојде на лекување од леукемија.

Оттогаш се гледаме и се дружиме низ многу наши проекти.

Уживаме во нејзиното друштво и насмевка.

Денес, Зејнеб е големо девојче кое оди на училиште. Зејнеб сега е здраво дете.

Зејнеб реши да ја донира својата прекрасна долга руса коса за нашиот проект #mojakosatvojakosa

Со насмевка.

Ние сме горди на неа. Ти благодариме, наше златно девојче.“


Објавена во: Совети // Другарство

Можеби ќе ве интересира: