Вистинско пријателство е се што ти треба во животот: Како да го препознаеш?
Секако дека не едноставно да ги пронајдеш вистинските пријатели, но оние површни пријателства не мораат да бидат присутни во твојот живот.
Доколку си тинејџер сигурно се распрашуваш за се околу себе. Но, во се што направиш и за се што те интересира, најважно е да бидеш окружен со пријателите и семејството, но површните пријателства се нешто што треба да го отстраниш од својот живот. А, еве и зошто!
# Нема драми
Доколку откажеш договор во последен момент, другата личност во пријателството нема да ти се налути. Можеш безгрижно да објавуваш фотки на социјалните мрежи и тоа нема да биде голем договор, пишува EliteDaily.
# Не мора за се да се извинуваш
Ваквото пријателство значи дека може да имаш свои ставови, истражувачки свет и на никој не мора да му се правдаш. Идеално, зарем не?
# Ништо не е чудно
Доколку среде ноќ испратиш тотално чудна порака на твојот пријател, тој нема да се изненади. Тоа е супер. Двајцата можете да бидете чудни колку што ќе ви посака душата.
# Безрезервна љубов
Иако можеби така не изгледа, ќе увидиш дека всушност она што ти и твојот пријател го чувствувате е безрезервна љубов. Без лутење, без многу извинувања и со чудни желби и идеи. Доколку имаш ваков пријател, слободно можеш да бидеш среќен.