Владата онлајн - учениците офлајн: Со пароли и скандирање средношколците го искажаа својот револт
На ден пред некогашниот старт на учебната година сојузот на средношколци го спороведе најавуваниот протест против онлајн наставата...
Со безброј пароли како „Владата онлајн - учениците офлајн и скандирање „Сакаме да учиме“ и „Стоп онлајн“ денеска средношколците излегоа на протестен марш од Министерството за образование и наука до Владата на РСМ.
Протестот со кој се бара комбинирана наместо онлајн настава првично беше закажан на 28 август, но беше одложен поради празникот.
Претходно претставници на средношколците беа на средба во Владата кај тогашниот премиер Оливер Спасовски, вицепремиерката Мила Царовска и министрите за образование и здравство, Арбер Адеми и Венко Филипче.
Тие беа поканети и на состанокот на Комисијата за заразни болести каде им беа претставени аргументите од страна на власта.
Филипче објави дела заеднички ќе се имплементација оној моделот според кој ќе се организира и спроведува наставата во учебната година.
И покрај средбите, Сојузот на средношколци напомена дека најавениот протест ќе се одржи.