ВНИМАВАЈТЕ: Социјалните мрежи може да предизвикаат депресија кај тинејџерите!

ВНИМАВАЈТЕ: Социјалните мрежи може да предизвикаат депресија кај тинејџерите!

Објавена во: Семејство, Технологија

Тинејџерите имаат два пати поголеми шанси за појава на симптомот депресија поврзан со користење на социјалните мрежи. Тоа е така поради онлајн злоупотребата, пореметувањето на сонот, како и незадоволството со своето тело и падот на самодоверба, покажуваат резултатите од истражувањето во Велика Британија.

Во истражувањето во кое се анализирани податоци од 11.000 млади луѓе во Велика Британија, истражувачите заклучиле дека 14 годишните девојчиња најчесто користат социјални мрежи, меѓу кои две петини од нив, социјалните мрежи ги користат повеќе од 3 часа на ден, додека истото го прават и петина од момчињата.

Студијата покажува дека 12% се умерeни корисници на социјалните мрежи,а оние 38% кои ги користат социјалните мрежи повеќе од 5 часа на ден, покажуваат знаци на сериозна депресија.

Кога станува збор за процесеците кои можат да бидат користење на социјалните мрежи и депресијата, истражувачите открија дека 40% од девојчиња и 25% од момчињата имале искуство со онлај злоупотреба. Слични се процентите и кај пореметувањето на сонот и анкциозноста.

Девојчињата се исто така изложени на поголем ризик кога станува збор за поврзаноста на користењето на социјалните мрежи и грижата за изгледот на телото, како и самодовербата.

Ивон Кели, професорка на лондонскиот Институт за епидемиологија и здравствена нега вели дека семејството треба да размисли за ограничување на користењето на мобилните телефони во тинејџерските соби.

Ова истражување, кое е финансирано од Советот за економско и социјално истражување на Обединетото Кралство (ESRC) е објавено онлајн во весникот „EClinicalMedicine“

Објавена во: Семејство, Технологија

Можеби ќе ве интересира: