Внука го разнежни светот со она што го направи за својата баба, која како млада морала да го напушти училиште за моден дизајн (ВИДЕО)
Кога ги пронашла прекрасните модни скици, решила да реализира една и добила прекрасен фустан...
Една ТикТокерка се претвори во Дизни принцеза и тоа благодарение на старите скици, кои некогаш одамна ги нацртала нејзината баба.
Девојката по име Јулија ги пронашла скиците на нејзината баба, која го напуштила училиштето за моден дизајн во 40-тите години се откажала од кариерата како дизајнерка. Бабата се откажала од образованието за да може да заработува пари за семејството, и покрај тоа што била навистина талентирана.
@_boringbb_ This video was taken down at 10k for ‘child safety.’ Pls help get this trending again. #fyp #foryoupage original sound - ashley trinh
Видеото во кое Јулија се качува по скали и ѝ покажува на баба ѝ како го реализирала нејзиниот моден дизајн, досега е прегледано повеќе од 2 милиони пати.
Нејзината баба била воодушевена и трогната од тоа колку совршено Јулија го сошила фустанот.
„О Боже мој, тоа е неверојатно. Ти благодарам, бидејќи тоа е едноставно прекрасно. Многу е убаво чувството да се види нешто што сум го нацртала пред многу години“ - ѝ кажала баба на својата внука.
@_boringbb_ This is the 4th grandma design I’ve created. It was by far my hardest project I’ve ever done. I’ll be posting more videos about this dress throughout the week, but this is grandmas reaction to seeing her work come to life. #grandmareacts #suprise #fashiondesign original sound - Julia
По неколку вртења во балскиот фустан, следувало изненадување, бидејќи Јулија го соблекла раскошниот долен дел за да открие пократкото здолниште. Видеото завршува со прегратката на бабата и внуката.
Многу следбеници ја охрабрија Јулија да соработува со нејзина баба и заедно да започнат линија за облека.
фото: Принтскрин / ТикТок