Внукот повторно ја разубави баба си: 86-годишната баба Милоратка сега е уште поубава

Внукот повторно ја разубави баба си: 86-годишната баба Милоратка сега е уште поубава

Објавена во: Мода // Moj стил

Александар Драмичанин е уметник од Ивањица чија баба веќе еднаш стана вирална поради неверојатна трансформација, а сега тоа повторно се случи и е уште поубава од минатиот пат!

Новите пред и после фотографии се волшебни бидејќи на првата гледате баба која не се шминка, носи шамија, и иако на неа гледате прекрасни црти на лицето и убава боја на очи, не се нагласени. Меѓутоа, внукот Александар го прави тоа наместо неа.

Заедно со фотографиите, тој закачи и кратко видео од трансформацијата на неговата баба, каде што ефектот од драстичната промена на оваа прекрасна жена е уште поизразен.

„Мојата најпрекрасна баба Милоратка“ - стои во описот на видеото под кое има еден куп коментари.



Извор: Noizz.rs


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: