Во фустан стар 30 години заблеска на матурската забава: Некогаш го носела нејзината мајка (ВИДЕО)
По ова видео, сигурно ќе го проверите плакарот на вашата мајка...
Пролетната сезона не е само за свадби, туку и за матурски вечери. Покрај тоа, секоја тинејџерка и нејзината мајка се во потрага по совршениот фустан за матура.
ТикТокерката Аве Мариа раскажа во видео дека нејзината мајка го нашла совршениот матурски фустан за неа.
Како што се гледа на видеото, нејзината мајка го носела истиот фустан на нејзината матура во 1994 година, а сега Ава го има совршениот матурски фустан. Никогаш нема да погрешите со носење црн фустан, дури и на вашата матурска вечер.
„Ме чуди колку е добро сочуван. Иако 1994 година изгледа како да била вчера, фустанот е од матурата од всушност пред речиси 30 години!“, „Има смисла. Кога ќе ја погледнам облеката на мајка ми, се е ретро и добро сочувано. Како и да е, би сакала да ја чуваше фанки облеката што ја носеше во 80-тите и 90-тите, бидејќи јас би ја носела сега“, „Мајката на Ава завршила одлична работа што ги зачувала не само спомените, туку и историската мода“ - пишуваше во дел од коментарите.
фото: Принтскрин / ТикТок