Во ист фустан како мајка си: Ќерката на Моника од „Пријатели“ порасна!
Кортни Кокс или подобро кажано Моника од култната серија „Пријатели“ сподели навистина интересна фотографија на својот Инстаграм профил.
Станува збор за фотка на која се таа и нејзината ќерка во ист фустан. Овој фустан го носела Кортни пред 21 година, а денес го носи нејзината ќерка.
„Не сум некој кој чува работи, но ова беше навистина добар шопинг! 21 година подоцна“ - напиша актерката покрај фотографијата.
Ова е уште еден доказ дека модата од минатото полека се враќа. Што мислите вие, на кој му стои подобро овој фустан?