Во Париз се прошета во кратки панталони и блејзер: Зендаја од глава до петици во дезен со тигрести отпечатоци (ФОТО)
Веруваме дека со ова издание го запрела сообраќајот во француската престолнина...
Младата ѕвезда која ја засакавме во серијата „Еуфорија“ се појави на Модната недела во Париз.
Добитничката на „Еми“ заблеска на ревијата на „Луј Витон“ со модна комбинација во која сите погледи беа насочени кон неа. Зендаја искомбинира кратки панталони и блејзер со дезен со тигрести отпечатоци.
На нозете носеше чизми до колена, исто така со дезен со тигрести отпечатоци, па можеме да кажеме дека Зендаја се имаше облечено од глава до петици во дезен со тигрести отпечатоци.
Под сакото се гледаше црниот градник, но и нејзината витка линија на телото. Од модни додатоци, во раце држела мала црна чанта, а вратот ѝ го красеа ѓердани.
Мораме да признаеме дека ова е прилично смел стил, со оглед на тоа што температурите во Париз се уште ниски, па веруваме дека и на Зендаја ѝ било малку студено. Но, како што мислат повеќето девојки, а очигледно и познатата актерка: некогаш треба жртва за убавина.
Таа со сето ова се пофали и на својот профил на Инстаграм, објавувајќи три фотографии од споменатиот настан, на кој го донесе и својот пресладок шнауцер, Ноун.
„Погледнете кој дојде со мене во Париз“ - напиша Зендаја во описот на фотографиите.
фото: Принтскрин / Инстаграм