Во пубертет почна да ѝ расте брада на лицето: Се бричела два пати на ден, па решила да работи во циркус

Во пубертет почна да ѝ расте брада на лицето: Се бричела два пати на ден, па решила да работи во циркус

Во моментот кога Дакота Кук, која сега има 30 години, влегла во пубертет, забележала раст на влакна на нејзиното лице.

Набрзо се посветила на козметички третмани, се депилирала и го бричела лицето два пати на ден, верувајќи дека така ќе се ослободи од влакната.

Дакота со години се чувствувала несигурна и осудувана поради проблемот што настанал за време на пубертетот. Таа паднала во депресија и анксиозност и немала почит кон себе.

И покрај тоа што била подложена на неколку испитувања, никој не бил сигурен што ги предизвикува влакната на лицето на Дакота. Лекарите веруваат дека тоа е нешто поврзано со нејзините надбубрежни жлезди, кои произведуваат покачени нивоа на тестостерон.



„Пријателите и семејството му го посочија проблемот што го имав на мојот очув на, па ме одведе на лекар, а потоа и во салонот каде што првпат се депилирав. Беше доста непријатно, бидејќи во тоа време уште учев како да ги избричам нозете... Пораснав во таква средина каде што никој не разбираше дека имам проблем, па жените во салонот ми рекоа дека на девојките не им растат влакна на лицето“, изјави Дакота.
„Западнав во голема депресија која траеше долго време, тонев од срам и се обидував да го сокријам лицето и еднаш неделно одев на депилација. а потоа на паузите на работа со шминкање ги покривав лузните и осипите од бричење“, раскажува таа.

Сè се смени во 2015 година, кога Дакота беше на забава со пријател, кој ѝ кажа дека работи во циркус.

На Дакота ѝ се допадна идејата да биде брадеста дама во циркусот, па реши да го отфрли бричот и восокот и да ги остави влакната на лицето да ѝ растат.



„Беше навистина огромно олеснување, така го започнав моето патување до самодоверба и љубов кон мојата брада“, се сеќава Дакота.

„На почетокот ми беше доста непријатно, додека пуштав брада многу пати сакав да ја избричам. Се сеќавам кога луѓето на улица се обидуваа да ме фотографират откако пуштив брада. Бев многу загрижена поради силните зјапања кон мене, но дојде и тој период кога веќе не ме интересираа туѓите ставови“.

Постепено, Дакота почна да се сака себеси и својот изглед. Сега работи во циркус како брадеста дама.

„Моето семејство и пријателите ми даваа голема поддршка за време на моето патување да се прифатам себеси. Дури и моите следбеници на TikTok се исто така неверојатни. Добивам само зборови на поддршка“, среќна е Дакота.


извор:stil.kurir.rs


Можеби ќе ве интересира: