Во „Ѕвездите на Гранд“ секогаш има женска шминка и впечатлив стајлинг: Срѓан покажа како изгледа надвор од сцената (ФОТО)
Природното издание на пејачот покрена лавина коментари...
Натпреварувачот во „Ѕвездите на Гранд“, Срѓан Симиќ секогаш се трудеше на сцената да изгледа поинаку и повпечатливо.
Додека настапува, пејачот секогаш носи женска облека, впечатлива шминка и долга црна коса.
Тој, сега на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како изгледа приватно, а многумина останаа изненадени од неговото природно издание.
Срѓан далеку од камерите има кратка, црна коса, иако до впечатливиот стил на облекување се држи и во своето секојдневие.
„Немам некоја посебна инспирација за своите комбинации, јас некако природно работам на себе. Дизајнирам обека, одбирам песни и ја смислувам својата појава, иако во тоа не вложувам премногу труд. Морам да се разочарам себе и многу девојки, ова не е мојата придодна коса. Беше само во првиот и вториот круг, но ете промените доаѓаат сами по себе, па мораме да се вадиме со перики“ - се пошегува неодамна Симиќ.
фото: Принтскрин / Инстаграм