ВРАЌАЊЕ ВО ИДНИНАТА СО НОВАТА NIKE AIR MAX КОЛЕКЦИЈА
Nike Air Max моделите несомнено се едни од најпрепознатливите силуети на спортскиот гигант. Со новата Air Max колекција – Throwback Future Pack, брендот дава нова визија за иднината на патиките. Истовремено почитувајќи го наследството на Air технологијата, но и зацврстувајќи ја позицијата во сегашноста, оваа колекција нè носи во иднината.
Новата колекција на Nike е пренесена преку серија на футуристички фотографии кои никој нема да го остават рамнодушен. Како лица на кампањата на Nike во Македонија, BUZZ го претставуваат долгогодишниот BUZZ амбасадор Антонија Локвенец, и талентираните момци Христијан Тасковски-Таско, Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тони.
Nike Air Max Throwback Future Pack колекцијата е составена од веќе препознатливите силуети: Air Max 95 и Air Max 97, и водечката силуета Air Max 270 - која иако беше лансирана минатата година веќе прерасна во култ кај sneakerhead културата.
Секој од моделите е покрај црната основа е надополнет со иридесцентни детали, тиркизната и интензивно розевата боја, со што се нагласуваат индивидуалните обележја на секој од моделите, како и незаменливата Air технологија.
Доколку и Вие се препознавате во визијата на Nike за иднината, повеќе за Nike Air Max Throwback Future Pack колекцијатаможете да дознаете тука и во BUZZ Sneaker Station продавницата во Skopje City Mall.
****
Фотограф: Иван Наунов
Модели: Антонија Локвенец, Христијан Тасковски - Таско, антонио Стојановски и Марио Јелиќ (2Бона)
Стајлинг: Викторија Бурсак и Никола Каракашов
Шминка: Миа Арабаџиева
****