Вреди 7 милиони долари: Како изгледа вилата на Џејмс Чарлс?

Вреди 7 милиони долари: Како изгледа вилата на Џејмс Чарлс?

Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Познатиот јутјубер и мејкап инфлуенсер сними ново видео за својот Јутјуб канал и во него не одведе на обиколка на неговио нов дом. Можеме да кажеме само: ваууу.

Сите понекогаш сакаме да ѕирнеме во домовите на познатите личности и да видиме каде тие го поминуваат времето, каде спијат и каде се забавуваат. По многуте ѕвезди кои одлучија да откријат каде живеат, дојде редот и на Џејмс Чарлс. Познатиот јутјубер сними видео и ја покажа вилата вредна 7 милиони долари, пишува Popbuzz.

Џејмс оваа куќа ја купи уште во ноември 2019 година, но последните неколку месеци ја преуредуваше. Во тоа му помогнале многу дизајнери на ентериер кои се обидоа да ги остварат сите негови желби. Така тој го намали бројот на спални соби за да добие поголем простор за гардеробата и за работна соба во која ќе снима видеа за својот Јутјуб канал.

Освен класичните простории - спална соба, кујна, дневна соба и неколку тоалети, има и надворешен базен, џакузи, терен за кошарка, трамболина, соба за разладување на сокови...


Објавена во: Stars // YouTube ѕвезди

Можеби ќе ве интересира: