Вреди над милион долари: Како изгледа плакарот за чанти на Кајли Џенер?

Вреди над милион долари: Како изгледа плакарот за чанти на Кајли Џенер?

Објавена во: Мода // Moj стил

Сонот на секоја девојка која е љубител на чанти.

Во нејзината колекција се наоѓаат над 60 ретки и лимитирани модели на некои од најлуксузните брендови како што се Фенди, Шанел или Хермес.

Може ли од Кјали да се очекува нешто помалку? Секако дека не. Па така, не разочара ниту овој пат кога на Инста стори со следбениците сподели како изгледа нејзиниот плакар со чанти. Секако дека Кајли има посебен плакар за своите чанти. Кога и да сподели некој дел од својата куќа, обожавателите полудуваат - едни од воодушевување, други од огорченост бидејќи има многу работи, а децата во Африка гладуваат. За среќа, Кајли не обрнува многу внимание и често со своите инстаграм следбеници споделува некој од своите плакари. Сега тоа беше колекцијата од чанти.

Очекувано беше дека има многу и тоа најмногу од оние дизајнерските, но дека волку и тоа ретки модели кои се од постарите или лимитираните колекции... По она што го покажа, вредноста на нејзините чанти се проценува на најмалку милион долари. Има Шанел, Фенди, Хермес и сите други брендови за чие име никој не е сигурен како се изговара.

Ова не е првпат Кајли да му ги покаже на светот своите чанти. За својот Јутјуб канал пред две години снимаше видео на кое направи една обиколка на овој плакар.


Тогаш објасни дека оваа просторија е специјално дизајнирана. Од 2018 кога е објавено видеото до денес нејзината колекција без сомнеж е зголемена и изгледа уште поимпресивно.

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: