Време за творење: Што #ВиНедостасува во време кога седиме дома за да бидеме безбедни?
Деновите во изолација горе - долу на сите ни поминуваат исто, па затоа решивме да ве поттикнеме да направите нешто поразлично. Оваа идеја и прекрасна иницијатива е до сите млади и талентирани млади луѓе. Името ѝ е #МиНедостасува.
За да учествувате потребно е вашиот талент да ни го презентирате во вид на фотографија, слика, стихотворба, расказ, песна или било која друга форма на изразување за која сте талентирани.
Темата и пораката на оваа иницијатива е јасна од самиот Хаштаг - значи творете на тема „Што е она што ви недостасува во овие денови?“. Вашите дела кои може да ни ги испратите на нашата електронска адреса contact@hashtag.mk или пак во порака на Фејсбук секојдневно ќе ги објавуваме на нашиот портал.
Време е вашиот талент да се види и слушне и надвор од вашиот дом и училиште!
Ве очекуваме!