За летниот распуст заштедувам 350 евра: Оваа мајка открива како смислила забава за ќерка си и истовремено како штеди
Една мајка сподели како успеала да ги намали трошоците за забави на своите деца за 70 отсто за време на училишниот распуст.
Шарлот Диринг, која има мала ќерка, троши само 300 фунти (околу 350 евра) за период од шест недели. 28-годишната девојка, која е експерт за штедење, сега ги споделува своите тајни со другите родители.
„Има огромен притисок врз родителите и старателите секој ден од училишниот распуст да го направат забавен и да создаваат среќни спомени“, изјави Шарлот, која живее во Манчестер, за What's The Jam.
„И постои вообичаена заблуда која вклучува трошење цело богатство, што е сосема погрешно“, објасни оваа мајка, споделувајќи неколку совети и трикови за летна забава.
„Имам коше за ужинки за ќерка ми, но таа има ограничен број задоволства што може да ги јаде во еден ден. Ја направив и како минимаркет, каде ѝ давам одредена сума пари секој ден и имам список со грицки што може да ги купи со тие пари. Здравите грицки се поевтини и ова одлично функционира за импровизирани филмски вечери дома. Задолжителни се и излетите со деца и родители од училиште. Секој носи нешто. А сладоледи не купувајте во продавница. Направете сами дома со калапи и овошје за повеќекратна употреба, кои се здрави и економични“, советува оваа мајка.
Фото: фреепик